Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Пијте повеќе млеко и џвакајте мастики редовно: Верувале или не, тоа ќе ги направи вашите заби поздрави

Дури и сувото грозје ќе ви помогне во тоа.

Кариесот е најголемиот непријател на сите заби. И за да спречиме негова појава, редовно треба да ги миеме. Покрај тоа, идеално би било да го правите после секој оброк. Ова, се разбира, не е секогаш можно.

Покрај редовното четкање на забите, потребно е редовно да се користи конец за заби, но и да се оди на стоматолог најмалку двапати годишно.

Меѓутоа, покрај сето погоре, можете да го намалите ризикот од кариес и со вашите навики во исхраната.

И еве како:

Пијте повеќе млеко – американските истражувачи им понудија на испитаниците млеко, вода и сок од јаболко. Испитаниците биле поделени во три групи. Некои пиеле чаша млеко после оброк, други вода и трета сок од јаболко. Утврдено е дека млекото најдобро служи како заштитно средство против формирање киселина во устата и на тој начин обезбедува заштита од кариес.

Јадете повеќе влакна – Бананите, јаболката и сливите даваат најдобри резултати. Имено, храната богата со растителни влакна бара многу повеќе џвакање отколку друга храна, што може да го зголеми производството на плунка и со тоа да ги отстрани штетните бактерии од устата.

Гуми за џвакање без шеќер – Ако не сте во состојба да ги четкате забите, земете гума за џвакање без шеќер што ќе спречи бактерии да се размножуваат во вашата уста, привремено.

Грицкајте суво грозје – Иако се богати со шеќери и сами по себе се лепливи, што ги прави непријатели на здравјето на забите, сувото грозје има антимикробно дејство и го спречува растот на бактерии во устата.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement