Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Пинк искрено зборува за тоа како се здебелила за време на ковид пандемијата,и како успеала да ослабе 16 килограми…

Пинк призна дека за време на пандемијата се здебелила 16 килограми, но пејачката успеала да ослабе, а сега се чувствува посилна од било кога.

„Паузите се добри за мојот глас, но не толку добри за моето тело. За време на Ковид се здебелив 16 килограми. Секој ден подготвував кисели теста за леб и разни печива, а потоа јадев се“, признала ѕвездата.

Пејачката имаше и две операции една на колкот и една операција за замена на двојна диск на вратот, што дополнително ја искомплицираше состојбата на нејзиното тело. Но, 43-годишната ѕвезда рече дека успеала да ги ослободи вишокот килограми. Добитничката на Греми за прв пат проговори за нејзиното закрепнување од операцијата во ноември 2021 година.

„Беше тешка прва недела, полна со солзи и болки, депресија и постојана температура. Понижувачки е независен човек како мене да е со физички инвалидитет и зависен, дури и на неколку месеци. Го учам дарот да добивам помош. Моето патување ќе биде намерно и целосно ќе се опоравам. Многу сум благодарна за тоа“, призна ѕвездата.

Не беа лесни неколку години за Пинк, бидејќи ја доживеа и загубата на нејзиниот татко, кој почина од рак на простата во 2021 година. „Знам дека понекогаш имам тенденција да се сеќавам на лоши работи. Сакам да се обидам да го задржам доброто, а имаше многу добри работи“, изјави ѕвездата за врската со нејзиниот покоен татко во едно неодамнешно интервју. Пинк успеа да ги изрази своите емоции додека работеше на нејзиниот претстоен албум Trustfall. Албумот ќе биде објавен ширум светот овој петок.

Прочитај

Green Tea

Раната дијагноза на рак на панкреас е клучна за успешно лекување, но симптомите во раните фази често се неспецифични и лесно може да се...

Green Tea

Промената на исхраната игра клучна улога во регулирањето на триглицеридите и одржувањето на здравјето на срцето. Се препорачува консумирање здрави масти, како што се...

____celebrity

Холивудскиот актер Брус Вилис (69) повеќе не е свесен за својата болест и тешката дијагноза.Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, која е со него во...

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Advertisement