Тaа е вкуснa и сочнa, но и здрава храна.Лубеницата е одлична состојка за смути. Поради високата пропорција на вода и влакна, консумирањето лубеница има поволно влијание врз работата на цревата и варењето.Содржи малку калории, па затоа е одличен сојузник за слабеење.
За ова освежително смути ќе ви требаат пет парчиња лубеница исечкана на коцки, половина шолја вода, две лажици јаворов сируп, исцеден голем лимон и банана.
Сите состојки ставете ги во блендер со четвртина шолја вода и измешајте. По потреба се разредува со уште малку вода додека се меша. Истурете го смутито во чаша, украсете со коцки мраз лубеница и уживајте.
