Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ова се тренинзите кои и помогнаа на пејачката Адел да ослабне 44 килограми, но и да ја надмине анксиозноста…

Во нејзиниот случај, тренингот бил важен и за нејзиното ментално здравје.

Пејачката Адел последниве години се „преполови“, ослабе дури 44 килограми. Еве го планот што таа го следеше.

Во 2021 година, Адел јавно проговори за губење на неверојатни 44 килограми. Таа ги сподели методите што ги користела кои и помогнале да ги постигне своите здравствени цели додека се справувала со вознемирени мисли.

Наместо ригорозни диети, пејачката ослабела во текот на две години користејќи кревање тегови и кружен тренинг, пренесува „Express“.

За време на интервјуто со Опра, Адел рече дека се чувствува како нејзиното „тело да е објективизирано во текот на нејзината кариера“.

Таа рече дека „луѓето зборуваат за нејзиното тело веќе 12 години“ и дека слабеењето е лична работа, наведувајќи дека „тоа го направила за себе, а не за некој друг“, па затоа не чувствувала потреба да зборува за тоа отворено.

За тоа како го постигнала слабеењето, таа за британскиот Vogue го открила својот интензивен режим на вежбање.

Вежбање три пати на ден
На почетокот на пандемијата на корона вирусот, Адел вежбала три пати на ден.

  • Значи, вежбав со тегови наутро, потоа обично пешачев или боксував попладне, а потоа вежбав кардио тренинзи навечер.

Адел, исто така, призна дека почнала со мртво кревање со четири килограми пред да се искачи на импресивни 77 килограми.

Адел ужива и во боксот и додава дека има „левица што може да убие“.

Вежбање против анксиозност
Вежбањето не беше само за слабеење, туку и за прифаќање на поздрав начин на живот. Таа рече дека вежбала поради анксиозност и тоа и помогнало да се чувствува подобро.

  • Никогаш не се работеше за слабеење, секогаш беше важно да станам силна и да си дадам што повеќе време без телефонот. Станав доста зависна од него – додала Адел.

Нејзината вознемиреност се појавила кога минувала низ развод и признала дека страдала од „најлошите напади на анксиозност по напуштањето на бракот“.

Секојдневното вежбање и даваше на Адел дисциплина и и помогна да го исполни својот напорен распоред.

Што се однесува до храната, Адел ги демантираше гласините дека следела диета „sirtfood“.

  • Не. Ова не е вистина. Без наизменичен пост, ништо – рече таа.

Пејачката вели дека никогаш не и се допаднало тоа што медиумите ја нарекоа нејзината нова линија одмаздничка, а како објаснување за новиот изглед кратко и јасно напиша:

  • Порано плачев, но сега се потам.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement