Поради својот состав, доведува до помало производство на урина.
Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар напиток за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата.
Истражувачите открија дека водата, без разлика дали е минерална или газирана, прави прилично добра работа за брзо рехидрирање на телото, но пијалоците со малку шеќер, масти или протеини прават уште подобра работа да ве одржуваат хидрирани подолго време.
Според Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Sent Endruz и автор на студијата, еден од факторите за хидратација на телото е волуменот на даден пијалок: колку повеќе пиете, толку побрзо пијалокот се испушта од вашиот стомак и се апсорбира во крвотокот, каде што може да ги разреди телесните течности и да ве хидрира.
Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од водата, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.
Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација што се користат за лекување на дијареа. Содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат, пишува CNN Health.
