Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ОВА Е КЛУЧОТ ЗА ДОЛГА И СТАБИЛНА ВРСКА Научете го љубовниот јазик на вашиот партнер – еве како

Пронаоѓањето на вистинскиот партнер може да биде предизвик, а останувањето во здрава врска може да биде уште покомплексно. Затоа, за да одржите долга и среќна врска, важно е секојдневно да работите на личниот развој и да го слушате партнерот.

Психологот Марк Траверс откри дека 4 услови се суштински за да се постигне среќна и долга врска. Врз основа на истражување од 2017 година, објавено во списанието Marriage and Family Review, откриени се факторите кои ја одредуваат или прекинуваат врската.

Авторите на истражувањето, Мишел Дуда и Рејмонд Бергнер, како пример ги земале имињата Џон и Мери, наведувајќи дека Џон има одредени чувства кон Мери и дека таа зазема многу важен статус во неговиот живот. Според таквиот однос, тие утврдиле 4 клучни фактори кои ќе помогнат љубовта меѓу вас и вашиот партнер да трае цел живот.

Заштита на најдобриот интерес

За да опстане врската, важно е да се грижите за добросостојбата на партнерот. Имено, во долгите врски секојдневната посветеност не треба да биде средство за остварување на сопствените цели, туку треба да биде во корист на вашата сакана и на вашата заедничка врска. Важно е да се негува личниот развој на партнерот, кој особено се однесува на желбите.

Почитување на ексклузивноста на вашата врска

Еден од клучните фактори е почитувањето на ексклузивноста на вашата врска. Романтичната љубов подразбира дека вашиот партнер е единствената личност во вашиот живот со која споделувате интимност, посветеност, чувства и проблеми. Но, важно е да се нагласи дека ексклузивноста не е само физичка верност; се работи и за емоционална лојалност.

Одржување чувство на доверба и интимност

Интимноста се смета за трет фактор на вечната љубов. Сепак, според Траверс, интимноста е многу повеќе од приврзаност или чувство на блискост. Тоа ќе го постигнете кога на партнерот ќе му ги откриете најголемите тајни и проблеми.

Прифаќање на партнерот таков каков што е

Последниот фактор на среќна и долга врска е да го прифатите партнерот онаков каков што е и што носи во врската. Иако можеби не ви е удобно со одредени однесувања или навики, не треба да барате од партнерот целосно да се промени. Ова не значи замижување пред недостатоците или игнорирање на просторот за личен развој.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement