Веруваме дека забележавте дека славните изгледаат беспрекорно на секое појавување на црвениот тепих. Тоа секако е и очекувано бидејќи за нивниот изглед се грижи цел тим експерти – од шминкери и фризери до тренери и нутриционисти.
Сепак, и покрај стручниот тим, познатите личности прибегнуваат и кон брзи трикови и диети кои им помагаат да блеснат на важни настани.
Оваа диета, која уште се нарекува и шок диета или итна диета, вклучува посебен начин на исхрана кој се базира на сокови, смути и чаеви, а е многу ефикасен за чистење на телото од токсини.
Исто така, многу е важно да не додавате никакви состојки во вашите чаеви и сокови, како и вештачки засладувачи.
Погледнете го деталниот план за 24 часа подолу.
8.00: Чаша млака вода со сок од лимон
10.00 часот: Чаша вода со сок од портокал или јаболко
12.00 часот: Шолја зелен чај
13.00 часот: Чаша ладна вода со сок од морков
15.00 часот: Шолја чај по ваш избор
17.00 часот: Чаша природен сок по избор
19:00: Шолја зелен чај
21.00 часот: Чаша вода со сок од грејпфрут
22.00 часот: Завршете го денот како што сте го започнале, со чаша млака вода во која ќе додадете сок од лимон.
Експертите нагласуваат дека оваа диета не треба да ја држите повеќе од еден ден.
