Убавата Кејт овој напиток го пие секој ден, а поранешниот кралски нутриционист открива дека е многу добар за изгледот на кожата.Џенифер Ханвеј, која некогаш била кралска нутриционистка, открила дека овој пијалок многу и помага „да постигне подобар изглед на кожата“.
Овој пијалок кој Кејт Мидлтон го пие секој ден, меѓу другото содржи кељ, спирулина, мача, спанаќ,зелена салата и овошје.
Таа верува дека нашата исхрана е суштинска состојка на нашето здравје и изглед.
- Можете да потрошите стотици и стотици фунти на третмани за кожа, производи и манипулации за лице, но ако не се храните правилно, никогаш нема да можете да ги искористите неговите придобивки, бидејќи ние сме она што го јадеме. Дефинитивно е можно да се постигне подобра и поздрава кожа преку исхраната – вели Ханвеј.
Исто така, Ханвеј наведува дека овој пијалок содржи многу антиоксиданси, како и витамини, минерали и влакна.
- Сè, од кељ до зеленило е навистина одличен извор на хранливи материи. Ова смути е полно со антиоксиданси кои се борат против оштетувањето од слободните радикали и отровите од околината кои ни го крадат природниот сјај – открива овој нутриционист.

Времето на подготовка на ова смути е околу 10 минути, додека потоа потребно е да се готви околу пет минути.
СОСТОЈКИ
-Кељ
-Спирулина
-Спанаќ
-Зелена салата
-Неколку видови овошје
