Овој пијалок најдобро се пие на празен стомак.
На социјалните мрежи со денови кружат видеа на кои лекари и нутриционисти зборуваат за пијалок кој го нарекуваат „внатрешен туш“. Имено, тоа е пијалок направен од чиа семе и според нив е одличен за здравјето на цревата.
Смесата препорачана од познатиот нутриционист Дерил Гуфре се состои само од вода, чиа семе и сок од лимон.
Доктор Дерил на социјалната мрежа „Инстаграм“ објасни дека високата содржина на омега-3 масни киселини во чиа семето помага во намалување на воспалението во цревата и го подобрува здравјето на мозокот.
- Семките се богати со влакна и кога се натопени во вода се претвораат во гел кој е лесно сварлив, а може да помогне и во подмачкување и хидратација на цревната слузница и со тоа да помогне храната полесно да се „движи“ – објаснува тој.
- Како што вели тој, сè што треба да направите е да истурите вода во чаша, да додадете две лажици чиа семе и да оставите пет минути за чиа семето да добие текстура слична на гел. На крајот додадете сок од лимон и ако сакате малку хималајска сол и напијте се.
Најдобро е да го пиете на празен стомак, така што најмалку 30 минути пред јадење или најмалку 90 минути откако последен пат сте јаделе.
Д-р Марк Бернштајн верува дека секоја состојка во „внатрешниот“ туш може да делува на подобрување на здравјето на цревата.
- Чиа семето е одличен извор на влакна. Овие влакна се суштинска компонента на вашата исхрана за да имате здрави црева. Помалку од 10 отсто од населението добива доволно влакна од исхраната – вели Бернштајн.
Секако, не претерувајте со овој пијалок и пијте го во текот на денот,а не одеднаш како што советуваат поединци на социјалните мрежи.
