Како да направите поздраво тирамису без колачиња и шеќер? Ќе се изненадите колку е лесно, а има ист вкус како да сте јаделе многу повеќе калории.Кето задоволствата стануваат сè попопуларни во последниве години, откако беше откриено дека и како можеме да уживаме во нашите омилени десерти и да бидеме безгрижни за тоа колку калории, масти и шеќер сме внеле!
Кога станува збор за тирамису, омилениот италијански кремаст десерт на сите со кафе, се што треба да направите е да ги замените бисквитите со бисквити од бадеми и кокосово брашно, а шеќерот со стевиа или еритритол.
Состојки:
За колачиња
1/4 шолја бадемово брашно
1 лажичка кокосово брашно
1 лажичка замена за шеќер (стевиа, еритрол)
прстофат прашок за пециво
прстофат сол
1/2 лажичка екстракт од ванила
1 голема белка од јајце, собна температура
1,5 лажици путер
За потопување колачиња
1/4 шолја изладено сварено кафе
2 лажици рум
Фил
220 грама крем сирење, собна температура
најмалку 1,5 лажички замена за шеќер
1/2 екстракт од ванила
1/2 чаша шлаг
какао во прав за декорација

Подготовка
Измешајте ги брашното од бадем и кокос, замена за шеќер, прашокот за пециво и солта, па кога ќе се соединат додадете екстракт од ванила, јајце и путер.
Потоа добро измешајте го, па ставете го во фрижидер околу 10 минути.
Кога ќе се излади, направете четири топчиња и израмнете ги, наредете ги на хартија за печење во тавче и печете 6-8 минути во загреана рерна на 180 степени.
Сварете кафе, а потоа истурете рум во него.
Во посебен сад измешајте ги крем сирењето, екстрактот од ванила, замена за шеќер и сето добро изматете со миксер додека не добиете убава кремаста смеса.
Во друг сад цврсто се мати шлагот, па се додава во смесата со сирење и се продолжува со матење со помала брзина.
Истурете малку од овој фил на дното на чашата за сервирање, па печените бисквити потопете ги во смесата со кафе и рум, па ставете ги над филот. Одозгора се става уште фил и на крај се посипува со какао во прав.
Повторете додека не го потрошите материјалот.
Погледнете ја деталната подготовка.
