Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Никогаш не би кажале дека има 59 години: Деми Мур изгледа нереално во костим за капење благодарение на овие мали правила…

Деми Мур (59) започна вистинска лавина позитивни коментари за својот изглед со серија фотографии во костими за капење за потребите на кампања за светски познат бренд.Деми Мур изгледа феноменално, но на последните фотографии на кои позира во различни костими за капење, актерката го привлече целото светско внимание.Филмската ѕвезда е на крајот од шестата деценија, но кога ќе ги погледнете нејзините објави, никогаш не би помислиле. Веднаш по објавувањето на фотографиите почнаа да се слеваат позитивни коментари, а главно сите беа воодушевени од тоа колку добро и тонирано изгледа Деми.

Актерката во својата автобиографија Inside out откри како порано била опседната со својата тежина и се трудела да изгледа што е можно послаба.

  • Мојата работа беше да се вклопам во таа воена униформа што ќе ја носам два месеци. Не можев да престанам да вежбам… Постојано размислував за моето тело. Исклучував јаглехидрати, трчав, возев велосипед… Меѓутоа, кога се подготвував за улогата во „Војникот Рајан“ беше јасно дека ја достигнав својата граница. Кога се вратив дома во Ајдахо, сфатив дека морам да бидам своја и се откажав од напорните вежби и почнав да го сакам своето тело – изјавила актерката.

После тоа, Деми одлучила фокусот на вежбањето да биде на стомакот и рацете, но дека нема да се труди да ослабе, туку да одржува добра форма.

  • Нема гладување, се се сведува на слушање на телото. Јадам кога сум гладна, веднаш престанувам кога ќе се почуствувам сита – изјавила актерката во врска со исхраната.

Тренерот на познатата актерка откри неколку златни правила кои таа ги следи и благодарение на нив има изглед на девојка.

  • Исклучете ја брзата храна, слатките и газираните пијалоци
  • Намалете го внесот на кофеин на минимум
  • Пијте чаша вода пред секој оброк
  • Гответе храна, не користете готови оброци. На тој начин ќе потрошите помалку адитиви
  • Јадете повеќе овошје, зеленчук и јаткасти плодови
  • Намалете го алкохолот, но не исклучувајте го целосно
  • Јадете мали порции месо и јаглехидрати. Дајте предност на зеленчук и протеини
  • Намалете го внесот на сол, бидејќи предизвикува надуеност
  • Избегнувајте лоши масти како преработено масло и путер
  • Затоа, засладувачите се забранети. Иако имаат минимални калории, тие можат сериозно да ги оштетат органите

Правилата до кои се придржува Деми Мур не се особено строги и тешки и секако се одлични во одржување на добрата енергија и кондиција и нема да му наштетат на здравјето на целиот организам.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement