Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Нереална трансформација на Џеф Безос: 8 часа сон,и секојдневен тренинг е клучот…

Ако сте работеле неуморно цел живот за да станете еден од најбогатите луѓе на планетата, ќе ви биде простено што сакате да забавите, да јадете здрава храна и да ослабете неколку килограми.

Но, тоа не е случај со Џеф Безос, кој од шеф на книжарница се претвори во милијардер кој на 59-годишна возраст практикува напорни тренинзи и следи строга диета.

По неговиот стратосферски успех, г-дин Безос тргна да работи на себе. Јавноста беше шокирана кога во 2017 година се појавија фотографии од Џеф облечен во елек што ги оцртуваше неговите мускулести раце.

После тоа и самиот призна дека не се грижел за својот изглед додека не стигнал до средовечена доба.Во неговиот режим, тој вклучи и тренинг со познат фитнес инструктор кој исто така работи со Том Круз, балансирана исхрана базирана главно на медитеранска храна и редовен сон.

Строго одржување на рутината за спиење
Здравиот сон е од суштинско значење за когнитивното функционирање, доброто расположение, менталното, кардиоваскуларното и метаболичкото здравје.

Иако многу членови на политичката и деловната елита се колнат дека можат совршено да функционираат со само четири до пет часа сон, Џеф Безос не е меѓу нив.

За време на конференцијата во 2018 година, тој изјави дека спие осум часа секоја вечер, освен ако не е помеѓу временските зони во текот на летото.

  • Ми требаат осум часа. Размислувам подобро, имам повеќе енергија, порасположен сум. Тоа е чиста математика: колку повеќе давате, толку повеќе добивате назад. Кога спијам осум часа, во следните осум сум исклучително продуктивен – рекол тој.

Тој смета дека поентата е во квалитетот, а не во квантитетот и дека иако имате повеќе време кога спиете помалку, не вреди бидејќи помалку ќе можете да ги извршувате зададените задачи.

И истражувањата се согласуваат со него.

Имено, во 2017 година беше објавена студија која го следеше влијанието што недостатокот на сон го има врз импулсивното однесување. Едната група испитаници спиела пет часа, а другата група осум. Двапати дневно, на испитаниците им се даваше задача што може да резултира со освојување на загарантирана сума на пари или губење на сè доколку одлучат да се коцкаат за поголема сума.

Испитаниците кои спиеле пет часа имале двојно поголема веројатност да одлучат да ризикуваат.

Редовен тренинг
Безос го тренира познатиот Вес Окерсон, кој е задолжен и за формата на Том Круз.

Окерсон е цврст поборник за вежби засновани на минимална тежина и висока отпорност – рецепт за градење долготрајна издржливост.

Џеф најчесто практикува тренинзи на отворено кои вклучуваат трчање, кајак, веслање и сурфање.

Исхрана
Исхраната на Безос се базира на протеини и здрави масти, а меѓу неговите омилени намирници се октопод, авокадо.

Тој е познат љубител на путерот, но само до десет часот наутро, пред да оди на тренинг.Никогаш во животот не сум прочитал од што е направена храната што ја јадам. Јадев она што ме радуваше и беше добро. Сега и јас обрнувам внимание. Ја сменив перспективата кога е храната во прашање, а тој став го применувам и на моите деца – рече тој.

Но, познатиот милијардер знае дека клучот е во рамнотежа и не се откажал целосно од „грешните задоволства“.

Ќе остане запаметено дека во 2018 година објави фотографија со чипс со натпис: „Боже, колку многу ги сакам“, а во 2022 година објави и фотографија од светски познат синџир за брза храна.

Но, се шпекулира дека Безос користи стероиди, што тој категорично ги демантира, пренесува  “Dailymail”..

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement