Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Неверојатно вкусен колач од 2 банани и јогурт – без многу калории

Доколку избегнувате слатки затоа што се плашите дека ќе се здебелите или моментално сте на диета, не мора целосно да се откажете од слатките. Важно е само мудро да ги комбинирате намирниците и да добиете здрав колач со помал процент на калории, но нема да и недостасува вкус.

Ви пренесуваме рецепт за колач со банана кој се топи во уста, се подготвува брзо и е многу едноставен. Може да го направат и почетници во кујната, а особено ќе уживате во комбинацијата на јогурт и банана. Наместо шеќер користиме мед, а белото брашно го заменуваме со интегрално!

Состојки:

1 чаша интегрално пченично брашно
1 јајце
100 гр грчки јогурт
1/4 лажичка екстракт од ванила
1 лажица растително масло
2 лажици мед
2 банани
1/4 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка сол

За фил:

100 гр крем сирење со намалена маснотија
50 гр грчки јогурт
1/4 лажичка екстракт од ванила
1 лажица мед

Подготовка:

Ставете ја рерната да се загрее на 180 степени. Обложете добро со хартија за печење. Во блендер ставете банани, 100 гр грчки јогурт, мед, 1/4 лажичка екстракт од ванила, масло и јајце. Мешајте додека не добиете еднолична смеса, околу 1 минута. Во поголем сад изматете ги брашното, циметот, сода бикарбоната и солта. Направената смеса ја оставате на страна. Истурете ги измешаните влажни состојки во сувите состојки. Добро изматете додека не се соединат. Исипете го тестото во тавата и печете 25-30 минути или додека вметнатата чепкалка не излезе чиста. Оставете да се излади.

Направете фил од 100 гр крем сирење, 50 гр грчки јогурт, 1/4 лажичка екстракт од ванила и 1 лажица мед. Сите состојки изматете ги со миксер, па нанесете ги на испечениот и изладен колач. Исечете ја тортата на коцки и уживајте.

Во едно средно парче од оваа торта има околу 190 калории.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement