Знаеме дека солта и шеќерот се сметаат за бела смрт.
А, повеќето од нас ги внесуваат во нашите тела секој ден.
Тоа, се разбира, не претставува проблем ако сме умерени.
Сепак, прекумерната потрошувачка може да има здравствени последици.
Солта е неопходна за функционирање на организмот, но шеќерот не е. Во исто време, прекумерниот внес на шеќер ќе ги зголеми штетните ефекти на солта врз организмот.
Студија објавена во 2014 година покажа дека инсулинот, меѓу другото, предизвикува бубрезите да го задржуваат натриумот, а колку повеќе инсулин лачи организмот, толку повеќе вода и натриум се задржуваат, а има и зголемен притисок, што всушност е предизвикано од зголемена потрошувачка на шеќер.

За да бидете сигурни дека не претерувате со шеќер или сол, проверете дали вашите извори на јаглени хидрати се здрави. Консумирајте житарки од цели зрна, млечни производи и овошје и држете се подалеку од преработена храна во каква било форма.
