Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

На пациентите со Ковид им се даваат витамините Ц, Д, цинк и уште еден за кој малку знаеме: Еве како нè штити

Познатиот антиоксиданс помага во спречување и забавување на голем број промени во организмот…

Од прогласувањето на коронавирус пандемијата, лекарите во Македонија воспоставија осум терапевтски протоколи за третман на пациенти со ковид 19. За оние кои имаат најблага форма на болеста, се препорачува да се земаат пробиотици, витамини Ц и Д, цинк и алфа-липоична киселина секој ден.

Досега, многумина не наидоа на алфа-липоична киселина, додаток кој, како и споменатите витамини и цинк, има позитивно влијание врз имунитетот. Но, како се разликува од, на пример, витамин Ц и витамин Д, чиешто значење го истакнуваат имунолозите во последните месеци?

Алфа-липоичната киселина е антиоксиданс, единствен по тоа што е растворлив и во маснотии и во вода. Достигнува до секој орган и клетка во телото, ја преминува крвно-мозочната бариера и има корисен ефект врз мозочните клетки.

Овој антиоксиданс реагира директно со слободните радикали, како и со металните јони и регенерира други важни антиоксиданти како витамини Ц и Е, со продолжување на нивното дејство. Исто така, алфалипоичната киселина ги неутрализира слободните радикали и ги штити клетките од нивните штетни ефекти.

Луѓето кои инаку имаат проблеми со чувството на триење и пецкање под кожата, кои се жалат на слабост и болка при оштетување на нервите предизвикани од дијабетес, знаат колку е корисна алфалипоичната киселина за ублажување на овие состојби. Исто така е корисно кај пациенти кои имаат атеросклероза и кардиомиопатија.

Улогата на употребата на алфа-липоична киселина кај пациенти со ковид 19 е да се продолжи ефектот на витамин Ц, кој треба да се зема секој ден во дозата препорачана од лекарот.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement