Целиот свет се бори против вирусот корона, а со тоа доаѓа сезоната на грип и други респираторни инфекции. Затоа е паметно да се зајакне имунитетот со природни состојки во овој период, а најмоќниот пијалок според рецептот на руската традиционална медицина може да ви помогне во тоа.
Потребни состојки:
700 милилитри јаболков оцет
30 грама ситно сецкан лук
30 грама ситно сецкан кромид
Две свежи пиперки
30 грама рендан ѓумбир
Две лажички мелено рен
Две лажички куркума
Подготовка:
Ставете ги сите состојки, освен јаболковиот оцет, во стаклена тегла, а потоа прелијте го со оцет. Затворете ја теглата и протресете ја смесата, па оставете ја на ладно и темно место да отстои две недели.
Овој домашен лек, само тогаш e подготвен за употреба, а најдобро е да земате една лажичка на ден, после појадок.
Моќен домашен лек штити од инфекции, паразити, габи и вируси и го зајакнува имунитетот. Во исто време, секоја од овие состојки има особено добро влијание врз здравјето, па заедно тие прават навистина моќна комбинација што ќе ги оддалечи болестите од вас!

