Кога велиме „ми се јаде нешто слатко“, обично мислиме на палачинки. Подготвени се брзо, вкусни се и можеме да ги јадеме соло, но и со шеќер, мелени ореви, џем, еурокрем … Ги има и оние солени варијанти со кисела павлака, шунка, мајонез, сирење, кисели краставички, маринирани печурки …
Ако не сте вешти во кујната, и сакате да направите палачинки според рецептот на нашите баби, задолжително забележете го универзалниот рецепт што го ви го донесуваме.
Состојки:
- 5 јајца
- две супени лажици шеќер
- пола кафена лажичка сол
- 800гр. брашно
- 600 милилитри кисела вода

Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките, а потоа со миксер изматете ги на цврст снег. Додадете шеќер, промешајте уште малку со миксер, па додадете ги останатите состојки и комбинирајте сè убаво за смесата да биде мазна, без грутки.
Ставете лажица маснотии (или масло) во тавата, почекајте да се загрее, па истурете малку смеса за палачинки и печете додека не поруменат двете страни. Палачинките се подготвени кога рабовите на тестото ќе почнат да се одделуваат од садот и да добијат кафеава боја. Ринглата мора да биде жешка, бидејќи колку пократко се печат палачинките, толку помалку маснотии ќе апсорбираат и ќе бидат повеќе воздушни.
Намачкајте ги палачинките со фил што го сакате – слатка или солена – и уживајте во магијата на вкусот!
