Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Најлесен рецепт без готвење за убав пудинг полн со протеини…

Истражувањата покажаа дека најдобро е денот да го започнете со оброк на база на протеини и здрави масти, бидејќи тие заситуваат и даваат доволно енергија за извршување на сите потребни задачи. Овде како одлично решение се појавуваат чиа семето.

Чиа семето содржи и многу диетални влакна, витамини и минерали кои го стимулираат варењето, го намалуваат нивото на лошиот холестерол и генерално се корисни за здравјето на луѓето. Згора на тоа, кога ќе ги ставите во течност, тие набабруваат и се претвораат во јадење кое личи на пудинг.

Доколку сакате да го зголемите внесот на протеини во организмот, направете пудинг од чиа семе со кравјо или млеко од соја и измешајте го со јогурт по желба и послужете се заедно со омиленото овошје. Добивте совршен појадок.

Состојки за чиа пудинг:
100 мл млеко по избор
1,5 супени лажици чиа семе
1 лажица мед,или сируп од јавор или агава
1 лажичка какао
овошје по желба
Подготовка на чиа пудинг:
Измешајте ги семките од чиа со млеко и оставете сè да набабрат околу 15 минути. Потоа убаво измешајте ја смесата, додадете ги какаото и медот и оставете ги уште десетина минути да се соединат вкусовите.
Можете да го направите ова и од претходната вечер и да го ставите во фрижидер преку ноќ.
Чоколадниот чиа пудинг послужете го со јогурт по избор и боровинки, парчиња праска или некое друго овошје.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement