Правилото дека навиките за јадење што ги усвојуваме денес играат важна улога во начинот на кој живееме и старееме. Затоа и жителите од таканаречената ,,сина зона” праксата покажала дека се најздрњви и живеат и до 100 години во добро здравје.
1. Протеини од зеленчук како грав, леќа, наут и тофу
Без разлика за која ,,сина зона” се работи – Сардинија, Италија; Окинава, Јапонија; Никоја, Костарика; Икарија, Грција; или Лома Линда, Калифорнија – дека имаат заедничко дека растителната исхрана го сочинува најголемиот дел од нивната храна, вклучувајќи протеини. „Гравот, леќата, наутот и тофуто се растителни протеини кои се вообичаени во сините зони, во зависност од регионот и го промовираат здравјето на срцето, како што се полифеноли и антиоксиданси“..
Sвездата на долговечноста е гравот. Ако јадете околу една чаша грав дневно, ќе го продолжите животот за четири години”, рекол експертот за сина зона, Ден Бутнер, за WellandGood. Тоj е добaр за здравјето на срцето и намалување на крвниот притисок. Наутот е исто така особено добар протеин за здравјето на срцето, бидејќи е богат со растворливи влакна и помага во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта.
2. Ореви
Оревите се уште една одлична форма на протеини за здравјето на срцето и обилно се јадат во сини зони низ целиот свет. Причините зошто оревите се толку добри за вашето здравје се богатството на антиоксиданси (кои помагаат во протокот на крв) и мононезаситени масти (поврзани со намален ризик од срцеви заболувања).
Различни видови ореви имаат свој уникатен нутритивен профил, но заедничко за сите е што содржат многу протеини и се добри за срцето.
3. Дива риба и дивеч
Иако луѓето во сините зони претежно јадат растителна храна, тие не се против протеините од животинско потекло. Всушност, дивата риба и дивечот (како биволи или крави кои слободно пасат трева) се добри извори на омега-3 и омега-6 масни киселини, директно поврзани со намалување на ризикот од срцеви заболувања. Сепак, е важно да се обрне внимание на нивното потекло.
Луѓето во сините зони добиваат животински протеини од диви животни. Риби од океанот или реките и дивеч што живее природно и пасе на пасишта, покажале истражувањата
Како што можете да видите, листата на протеини за здравјето на срцето е широка и разновидна. Ова овозможува одличен избор што да ставите на трпезата. Она што е важно да се има предвид, е избор на извори на протеини кои се во хармонија со природата.
