Се што ви е потребно веќе го имате во вашиот дом!
Само среќниците можат да кажат дека живеат без стрес.
За останатите смртници, стресот е секојдневен несакан придружник и единственото прашање е како да се справите со него. Одговорот на стресна ситуација се одвива на физичко и ментално ниво. Стресот има улога да нè заштити и одржи во животот.
Нашиот нервен систем реагира на стрес со реакција „борба или бегство“, односно зголемено лачење на адреналин и подготовка на целото тело за акција, борба и надминување на опасностите и пречките.
Проблемот се појавува затоа што нашиот нервен систем во стресни околности секогаш реагира како да е прашање на живот или смрт, и на прво место не разликува емоционална од вистинска закана. Така, на пример, кога имаме конфликт со некого на работа, во семејството или кога имаме финансиски проблеми, на физиолошко ниво, нашиот организам реагира како да е директно загрозен.
Сосема е јасно дека честите реакции од овој тип ја ослабуваат нашата целокупна психофизичка сила, и порано или подоцна доведуваат до нивно распаѓање, предизвикувајќи ментални нарушувања, вознемиреност, психосоматски заболувања и слично.
Постојат многу начини на кои можеме да ги ублажиме или отстраниме штетните ефекти од секојдневниот стрес, а тоа можат да бидат психотерапија, спорт или хоби, како и бројни методи и техники против стрес (јога, автогена обука, медитација) и здрава храна.
Топла вода во комбинација со лимон и сецкан ѓумбир е одличен начин да го поттикнете варењето. Ѓумбирот е богат со антиоксиданс „џинџерол“, кој помага да се елиминираат штетните материи што ги произведува нашето тело кога сме загрижени, а овој корен на тој начин го намалува психолошкиот ефект на стресот.
Подготовка на пијалокот:
Пред да го излупете коренот од ѓумбир, задолжително измијте го ова цветно растение. Потоа изрендајте или исечете на парчиња корен со големина од 2 см. Истурете половина литар врела вода и оставете 15 минути. Потоа процедете и додадете парче лимон!


