Овој пијалок го регулира холестеролот и го зајакнува имунитетот…
Ако барате моќен природен лек кој ќе го зајакне вашиот имунолошки систем и ќе го регулира холестеролот, комбинацијата на лимон и магдонос е полн погодок.
Магдоносот содржи две групи на уникатни состојки: ароматични масла кои го прават толку силен мирис и флавоноиди кои заедно ги елиминираат токсините од телото!
Магдоносот исто така ја стимулира циркулацијата на крвта, а со додавање на сок од лимон, кој е полн со витамин Ц и други корисни хранливи состојки, ќе добиете ефикасен пијалок кој го зајакнува имунитетот, ги намалува масните наслаги и многу успешно го намалува холестеролот на сосема природен начин.
Со еден збор, овој пијалок е исклучително здрав за сите системи во вашето тело!
Состојки:
1,5 литри вода
3 дршки магдонос со средна големина
1 кг лимон
малку сода бикарбона
Подготовка:
Добро исчистете ги лимуните со сода бикарбона, а потоа нека отстојат во ладна вода околу половина час.
Зовривате литар и половина вода, оставате да се излади, а во неа ги сецкате лимоните и магдоносот и добро промешувате.
Ставете ја целата смеса во вакумиран сад и во фрижидер 24 часа, а потоа измешајте сè во миксер.
Чувајте на ладно место и консумирајте околу 100 ml на ден.

