Дали веднаш ги поврзувате оревите со вкусни торти и колачи?
Или ги доживувате како вкусна закуска?
Факт е дека, без оглед дали мислите на првата или втората опција, сигурно нема да погрешите, но оревите се многу покорисни отколку што мислите.
Британски научници утврдиле дека оревите го намалуваат апетитот и дека неколку ореви на ден исто така можат да влијаат на слабеењето. За време на истражувањето, тие за прв пат забележале поврзаност помеѓу консумирање ореви и подигнување на нивото на серотонин (хормон на среќа), како позитивен ефект врз срцето.
Истражувачите од Универзитетот во Барселона исто така наведуваат дека се препорачува секој ден да се зема по неколку мешавина од сурови ореви, бадеми и лешници, за кои тврдат дека има позитивен ефект врз целокупното здравје.
Научниците веруваат дека ова откритие може да има позитивен ефект врз сите оние кои страдаат од метаболички синдром.

