Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Научниците открија: Ако сакате да се ослободите од мигрената, вклучете ја оваа намирница во вашата исхрана

Ако имате проблеми со мигрена, веројатно досега сте се обиделе да ја решите на различни начини.

Сепак, истражувањата откриваат дека одредена храна може да ја намали главоболката.

Мигрената е честа, интензивна главоболка која погодува околу 10 отсто од светската популација. Истражувањата покажуваат дека една од 5 жени и околу еден од секои 15 мажи имаат мигрена.

Луѓето кои страдаат од овој проблем обично се лекуваат со лекови против болки, а многу лекари советуваат и да избегнуваат храна која придонесува за мигрена, како чоколадо или алкохол.

Сега лекарите рекоа дека препишаните лекови, елиминацијата на диетата и активностите како јогата нудат мало олеснување – но дека темнозелениот зеленчук исто така помага.

Во истражувањето е спомнат случајот на маж кој страдал од мигрена повеќе од 12 години. Користел лекови, а исфрлал и храна како сирење, чоколадо, јаткасти плодови, кофеин и сушено овошје. Покрај тоа, практикувал јога и медитација, но ништо не функционирало позитивно.

Силната мигрена од 18-24 дена ја имал секој месец, а страдал од чувствителност на светлина, гадење и повраќање. Лекарите го советувале да ја промени исхраната и да ја збогати со хранливи материи и да внесува што повеќе зелен зеленчук.

Диетата вклучува консумирање 141 грам сиров или варен темнозелен лиснат зеленчук секој ден. Ова вклучува храна како кељ и спанаќ, како и консумирање зелени смути секој ден.

Исто така, му било кажано да го ограничи внесот на цели зрна и животински протеини како што се млечни производи и црвено месо. Откако бил на диета два месеци, пациентот рекол дека мигрените му се намалени на само една месечно.

Должината и интензитетот на мигрената се намалиле, а тој можел и повторно да конзумира некоја храна, како јајца и ладен чај, кои претходно му предизвикувале главоболки.

Лекарите истакнале дека главоболките му престанале по три месеци и не му се вратиле повеќе од 7 години. Важно е да се напомене дека студијата е спроведена само на едно лице и дека треба да се спроведе поширока студија.

Експертите додаваат: „Овој извештај сугерира дека исхраната базирана на растенија може да понуди безбеден, ефикасен и траен третман за справување со хроничната мигрена. Иако овој извештај опишува еден многу приврзан пациент, оваа диета ја намали инциденцата на мигрена во рок од 3 месеци кај неколку дополнителни пациенти со кои имавме лична комуникација.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement