Crème brûlée е еден од оние десерти што звучат премногу „фенси“ за да се прават дома. Но, ТикТок ни даде поедноставен и полесен начин да го направиме, без никакви проблеми и дополнителни
трошоци.
Шефшак сподели рецепт за брзо и лесно Crème brûlée на ТикТок со користење на стопен сладолед од ванила. Згора на тоа, можете да го направите во микробранова печка или во рерна.
Ќе ви треба околу половина чаша (или 120 ml) стопен сладолед по лице. Можете да го стопите во сад во микробранова печка или на старомоден начин оставајќи го во фрижидер преку ноќ.
Потоа додадете една жолчка од јајце по порција, изматете темелно, така што сè ќе се соедини, а потоа истурете во мала чинија. Единствениот предизвик со ова е печењето, затоа што ви треба бан-мари, односно сад за печење или „топла бања“. Откако ќе ја загреете рерната на 165 C, набавете си „bain-marie“ или ставете сад за торта и ставете мала чинија за Crème brûlée.
Штом плехот се стави во рерна, внимателно истурете малку топла вода во плехот, оставајќи го полн до околу половина од садот (водата никогаш не треба да ја допира смесата во садот).
Печете помеѓу 40 и 50 минути додека не изгледа готово. По ладењето најмалку два часа, можете да карамелизирате шеќер во сад на шпоретот и да го прелиете brûlée. Одозгора можете да посипете и со малку шеќер, пишува Мирор.
