После напорниот работен ден, сите сакаме добро да спиеме и да се одмориме.
Доколку немате време за одмор и ви треба инстант енергија, можете да направите вкусен пијалок кој ќе ве разбуди, ќе ви даде сила и енергија и ќе направи да се чувствувате посреќни.
Еве што ви треба за да го подготвите:
2 лажици мед
500 мл. вода
1 чаша свежо исцеден сок од лимон
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во стаклен сад или тегла и мешајте додека сè добро не се соедини. Користете топла вода, бидејќи полесно ќе го раствори медот. Додавањето сок од лимон во водата е најлесниот начин да добиете енергетски поттик. Лимонот ја претвора водата во природен енергетски пијалок, полн со електролити, кои се неопходни за клетките да произведуваат енергија. Медот е богат со јаглехидрати, кои се основно гориво што го користи телото за производство на енергија, а додавањето мед ќе го направи вашиот пијалок супер вкусен.
Овој пијалок е одличен природен извор на енергија после напорниот работен ден.
