Кверцентин е единствената супстанција што може да се најде во овошјето и зеленчукот, еден вид флавоноид кој го намалува ризикот од инфекција. Може да не заштити од вируси, воспаленија и канцерогени промени, а неговите антиоксидантни својства ја зајакнуваат нашата физичка и ментална подготвеност, како и целокупното здравје.
Кверцентин е вид на полифенол кој се наоѓа во јаболка, бобинки, грозје, кромид, домати, но и чај, како и многу семиња, ореви и билки како што е гинко билоба.
Концентрацијата на кверцентин е најголема во пурпурниот кромид (во надворешните делови на главата, во делот што е најблизу до коренот), а кај органски одгледуваните домати таа е за 80 проценти поголема од онаа што е хемиски третирана. Кверцентин ќе најдете и во мед, модри патлиџани, компири, но и коприви.
Црвен кромид
Најголемата моќ на кверцентин лежи во неговата способност да го ублажи оксидативниот стрес и да се бори против слободните радикали. Исто така, има антибактериски својства и може да помогне против оние бактерии кои предизвикуваат стомачни, респираторни, уринарни и кожни болести.
Кверцентин, особено во комбинација со други флавоноиди, може да ја зголеми отпорноста кон вируси, а исто така е одличен и како дополнителна терапија против висок крвен притисок.
Колку кварцентин ви треба на ден
Ако вашата диета е исклучително богата со овошје и зеленчук, особено оние што ги наведовме погоре, не мора да се грижите за додавање на овој моќен флавонол. Меѓутоа, ако сакате да бидете сигурни дека сте зеле доволно, се препорачува и употреба на додатоци – до 500 мг на ден. Исто така е терапевтска доза за висок крвен притисок и воспалителни процеси. Идеално е да се комбинира со витамин Ц, куркума или бромелаин.
Чај од кромид – рецепт
Од народни лекови, се препорачува чај од кромид. Измијте ги главиците кромид добро, исцедете ги и оставете ги да се исушат. Излупете ги и истурете врела вода над лушпите, потоа покријте добро и оставете да отстојат петнаесет минути. Исцедете и пијте пред спиење. Овој чај не се препорачува за бремени жени и доилки.

