Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Напиток од целер: Рецепт за Смути кое ќе направи да се чувствувате полни со енергија..

Празничната сезона секогаш ја заокружуваме со некој килограм вишок, па здравите навики во исхраната се една од најчестите новогодишни одлуки.

Веќе научивме дека строгите диети не се добри за нашето тело, а нутриционистите се согласуваат дека треба да создаваме нови, поздрави навики, кои нема да ни остават впечаток дека внимаваме што јадеме.

Кога зборуваме за суперхрана, минатата година целерот беше една од намирниците кои најмногу се истакнаа. Познат е како главно средство за чистење на телото, а помага и при искашлување поради настинки и грип, па затоа е совршена храна за студените месеци од годината.

Целерот е вреден природен лек, а неговите најпознати придобивки се намалување на крвниот притисок, намалување на лачењето на хормоните на стресот и позитивно влијание на потенцијата.

Покрај тоа, целерот го чува нашиот вид, штити од рак,претставува одлична помош за слабеење, а е ефикасен и за кожни и бубрежни заболувања.

За да ја вклучиме оваа вредна храна во исхраната, подготвивме одлично смути кое треба да го вклучиме во исхраната најмалку два пати неделно.

Смутито од целер е толку вкусно што ќе можете да ги нахраните и најмалите, а во продолжение прочитајте едноставен рецепт за здрав почеток на денот.

Смути од целер – состојки:
4 стапчиња целер
1 големо зелено јаболко
1 банана
1/2 лажичка сечкан ѓумбир
2 шолји бебешки спанаќ
1/2 чаша вода
неколку коцки мраз
2 супени лажици сок од лимон
Смути од целер – подготовка:
Сите состојки исечкајте ги и ставете ги во блендер. Мешајте додека не добиете мазна, компактна и пенеста смеса. Пијте наутро на празен стомак или во текот на денот како ужина.
Совет: Целерот можете да го комбинирате со некоја друга храна, како што се моркови, бобинки или ананас.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement