Ананасот е тропско овошје кое е богато со хранливи материи кои се неопходни за нашиот организам. Можеме да го купиме свеж или конзервиран,но која опција и да ја одберете, нема да погрешите.
Сигурно е дека веќе сте прочитале за придобивките од консумацијата на ананас за нас, вклучително и дека е ефикасен за слабеење. Ако редовно пиете сок од ананас, вашето тело ќе ви се заблагодари и ќе се чувствувате поинаку. Зошто?

Затоа што може да го подобри варењето, да се бори против воспалението во телото, да придонесе за елиминирање на цревните паразити, да ги зајакне забите и непцата и да ги исфрли токсините од телото.Доколку сакате да уживате во освежување и богатство на вкус, ви предлагаме рецепт за напиток од ананас.
Состојки:
-1 ананас средна големина
-6 листови нане
-1 литар вода
Подготовка:
Излупете го ананасот и исечете го на помали парчиња.Истурете ја целата вода во теглата и додадете ги ананасот и листовите нане. Затворете ја теглата и оставете ја смесата осум до 10 часа во фрижидер.
Наутро кога ќе станете, испијте една чаша од овој напиток на празен стомак, а остатокот обидете се да го пиете во текот на денот. Многу брзо ќе ја забележите разликата во енергијата што ќе ја добиете.
