Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Намирници кои можат да ѝ обезбедат здравје на вашата кожа

Со оглед на нездравата храна којашто ја конзумираме, лошите животни навики, загадувањето на воздухот, сончевото зрачење, нашата кожа е склона кон инфекции, темни дамки, акни, пигментација и секако брчки. Веројатно се прашувате како ефикасно да ја заштитите кожата. Одговорот лежи во здравата исхрана. Храната богата со лековити состојки ќе и овозможи на вашата кожа здрав изглед и ќе ја заштити од надворешни влијанија. Откријте која е храната што се препорачува за здравјето на кожата:

Домат

Доматот има антиоксидантни својства и помага во отстранување на штетните радикали кои предизвикуваат акумулација на токсични состојки кои предизвикуваат осип, акни и предвремено стареење. Пастата од домати е многу ефикасна во заштитата од УВ зрачење. Свежиот домат е секако најздрав, но сите видови варени и печени изданија се доволно ефикасни.

Зелен чај

Зелениот чај нуди низа здравствени придобивки. Има антиоксидантни, антиинфламаторни и антитуморни својства. Исто така, помага да се заштити кожата од УВ зрачење уништувајќи ги штетните радикали. Спречува појава на осип на кожата и изгореници од сонце и е многу ефикасен како заштитен агенс против рак на кожа. Чаша зелен чај наутро и навечер е сè што ви треба за ефикасно да ја заштитите кожата.

Лосос

Дивиот лосос е богат со омега-3 масни киселини, кои се здрави масти и помагаат да се спречи формирање на меланом и карцином на базалните клетки. Астаксантинот, кој се наоѓа во лососот, е честа состојка во козметиката бидејќи и обезбедува заштита на кожата од сончевото зрачење, што ја прави еластична и го забавува стареењето. Лосос на скара или варен е најдобриот начин да ја одржите вашата кожа здрава.

Папаја

Папајата не само што е вкусна и слатка, туку содржи и ензими и витамини А, Ц и Б, како и диетални влакна кои овозможуваат подобро варење, истовремено регулирајќи го крвниот притисок. Папајата може да ви овозможи да имате деликатна кожа без инфекции, бидејќи регулирано варење значи исфрлање токсини кои најчесто предизвикуваат акни и пигментација.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement