Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Наместо ботокс – пијалок од 4 состојки: Салма Хајек затегнатата кожа во 6-та деценија му ја должи на овој пијалок…

Актерката Салма Хајек има 56 години, а сите се согласуваат дека изгледа многу помладо.

Речиси никој не би ни помислил дека мексиканската актерка е во шестата деценија. Брчките се речиси невидливи, а нејзината кожа е затегната и сјајна.

Таа самата истакна дека не користела ботокс ниту пак посегнувала по други процедури за подмладување.

Дали за се е виновна генетиката?

Како што еднаш откри на своите социјални мрежи, Салма секое утро пие сок за убавина од четири состојки.

Како што истакнува тој, овој домашен напиток не само што ја прави кожата сјајна,туку има и низа здравствени придобивки за нашето тело и организам.

Сè што треба да направите е да ги измешате следните четири состојки:

Портокали

Актерката користи свежи портокали, кои се добар извор на витамин Ц, прават чуда за имунитетот, влијаат на расположението и варењето.

Куркума

Во сокот од портокал актерката додава свежа куркума, зачин кој има антибактериско и антиинфламаторно дејство.

Црн пипер

Освен портокали и куркума, Салма во својот „магичен пијалок“ додава и малку црн пипер, бидејќи тоа му помага на телото побрзо да ја апсорбира куркумата.

А освен тоа, овој зачин го забрзува метаболизмот.

Кучешки трн

Растението кучешки трн е богато со витамини Б12 и Ц, а содржи и многу колаген и го поттикнува телото да го произведува, па има непобитно регенеративно дејство на кожата, косата и ноктите.

Како што вели Салма, најдобро е да го користите ова растение во форма на масло и да додадете неколку капки во чудотворниот сок за убавина.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement