Во продолжение ви пренесуваме здрави навики за подолг животен век…
Многу луѓе мислат дека очекуваниот животен век во голема мера е одреден од генетиката. Сепак, гените играат многу помала улога отколку што првично се веруваше. Еколошките фактори како исхраната и начинот на живот се покажаа како пресудни. Овие 6 навики се поврзани со долг живот.
Избегнувајте прејадување
Врската помеѓу внесот на калории и долговечноста во моментов е од голем интерес. Студиите на животни сугерираат дека намалувањето на нормалниот внес на калории за 10-50% може да го продолжи максималниот животен век. Студиите на човечката популација позната по долговечноста, исто така, забележуваат врски помеѓу нискиот внес на калории, продолжениот животен век и помалата веројатност за заболување.
Згора на тоа, ограничувањето на калориите може да помогне во намалувањето на вишокот килограми и маснотии на стомакот, кои се поврзани со пократок животен век. Сепак, долгорочното ограничување на калориите често е неодржливо и може да предизвика негативни несакани ефекти, како што се зголемен глад, ниска телесна температура и намален сексуален нагон. Важно е да не се претерува!
Јадете повеќе јаткасти плодови
Тие се богати со протеини, влакна, антиоксиданси и корисни растителни соединенија. Одличен извор на повеќе витамини и минерали, како што се бакар, магнезиум, калиум, фолна киселина, ниацин и витамини Б6 и Е. Неколку студии покажуваат дека јаткастите плодови имаат корисен ефект врз работата на срцето, против висок крвен притисок, воспаление, дијабетес… Едно истражување покажа дека луѓето кои консумираат најмалку 3 порции јаткасти плодови неделно имале 39% помал ризик од прерана смрт.
Исто така, две неодамнешни прегледи во кои беа вклучени повеќе од 350.000 луѓе забележаа дека оние кои јаделе јаткасти плодови имале 4-27% помал ризик од смрт во текот на периодот на студијата. Како заклучок, јаткастите плодови во вашата дневна рутина можат да ве одржат здрави и да ви помогнат да живеете подолго.
Пробајте куркума
Кога станува збор за стратегии против стареење, куркумата е одлична опција. Тоа е затоа што овој зачин содржи моќно биоактивно соединение наречено куркумин. Поради неговите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, се верува дека куркуминот помага во одржувањето на функцијата на мозокот, срцето и белите дробови, како и заштита од рак и болести поврзани со стареење.
Јадете многу здрава растителна храна
Конзумирањето на широк спектар на растителна храна, како што се овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семиња, цели зрна и грав, може да го намали ризикот од болести. Бројни студии ја поврзуваат исхраната богата со растенија со помал ризик од прерана смрт, како и намален ризик од рак, срцеви заболувања, депресија и влошување на мозокот. Овие ефекти се припишуваат на растителните хранливи материи и антиоксиданти, кои вклучуваат полифеноли, каротеноиди, фолати и витамин Ц.
Останете физички активни
Не треба да изненадува што вежбањето може да ве одржува здрави. Само 15 минути вежбање дневно може да ви помогне да постигнете придобивки, кои може да вклучуваат дополнителни 3 години живот. Една неодамнешна студија покажала 22% помал ризик од рана смрт кај луѓето кои вежбале – иако вежбале помалку од препорачаните 150 минути неделно. Така, редовната физичка активност може да го продолжи вашиот животен век.
Дајте предност на вашата среќа
Чувството на среќа може значително да ја зголеми вашата долговечност. Оние кои се чувствувале најсреќни на 22 години имале 2,5 пати поголеми шанси да бидат живи шест децении подоцна. Истражувањата покажуваат дека песимистите имаат 42% поголем ризик од рана смрт отколку пооптимистичките луѓе. Значи, смеата и позитивниот поглед на животот може да го намалат стресот и потенцијално да ви го продолжат животот.
