На крајот на овој месец ќе започне модната недела во Париз на која ќе се одржат низа модни ревии, а меѓу оние кои ќе одржат стари добри презентации се водечки брендови од светот на луксузната мода.

На модните ревии ќе бидат претставени 19 брендови, вклучувајќи ги Диор, Балмен, Клое, Изабел Марант, Хермес, Шанел и Луј Витон.

Fédération de la Haute Couture et de la Mode, објави дека работи тесно со локалните власти и ќе направи измени во распоредот доколку се појави потреба.
Бројот на дозволени гости варира според локацијата, но најавено е дека брендовите ќе поканат многу помалку гости, само околу 20 до 25 проценти во однос на претходните сезони.

Модните ревии сега станаа многу ексклузивно место, со намален број на гледачи, но брендовите се грижат и дигиталната публика да е присутна, често комбинирајќи фотографии и видеа, така што сите обожаватели се запознаени со нивната работа.
 
						
									
 
								
				
				
			 
 
 
 
 
 
 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				