Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Многумина ја прават истата грешка – Еве кога треба да ја испиете првата чаша вода во текот на денот: Јапонски природен трик за чистење на телото

Хидратацијата на телото е неопходна за да функционира нашето тело, тоа е клучно за здравјето и животот. Водата е суштински елемент за секоја функција во телото, и кога не консумираме доволно течности, функциите во нашето тело можат да бидат побавни и загрозени. Недоволното консумирање на вода често е предизвикувач за болести на бубрезите, мозокот, мускулите, нервниот систем, метаболизмот, регулирање на телесната температура, нормално функционирање на зглобовите и коскениот систем.

Освен што е неопходно за здравјето и дека без него чистењето, односно детоксикацијата на организмот е невозможно, водата има големо влијание врз нашата енергија. Сигурно додека го набљудувате морето, езерото или реката, сте забележале колку е релаксирачки погледот на водата. Исто така, пливањето ја ублажува напнатоста во мускулите, смирува и ја отстранува негативната енергија.

Според јапонската народна и природна медицина, треба да пиете чаша вода веднаш по будењето. Наутро пијте 4 чаши вода, по 150 милилитри секоја, со пауза од 5-7 минути. После тоа, не јадете или пијте ништо 45 минути, а потоа распределете околу 2,5 литри вода во текот на денот. Не пијте многу ладна или многу топла вода – нејзината температура треба да биде слична на температурата на телото.

Можете да истурите малку сок од лимон во утринска чаша вода, доколку немате проблеми со стомакот, бидејќи оваа комбинација се покажа како многу успешна во забрзување на метаболизмот и губење на тежината.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement