Синди Крафорд со години практикува мини-диета кога сака да се ослободи од вишокот килограми.
Синди Крафорд во февруари наполни 57 години, но и покрај тоа, нејзиниот изглед може да ги засени жените на половина нејзина возраст. Во една прилика познатата манекенка откри како се ослободува од несаканите сантиметри и непотребните килограми.
Во време на криза, Синди практикува мини-диета. Таа е висока 177 сантиметри, а цел живот одржува 58 килограми.

Со мини-диетата нема гладување и главно се 5-6 оброци (ручек и вечера плус две ужинки кои не смеете да ги пропуштите!).Сите оброци се во мали порции. Во спротивно, метаболизмот се забавува, а телото почнува да складира масти.
Друго правило е дека целата диета мора да биде избалансирана: 30% протеини, 40% јаглени хидрати и 30% масти.
Појадок: пржени јајца, парче тврдо сирење (30 g) и парче ‘ржан леб
Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 грама)
Ручек: риба или пилешко месо (150 грама) со замрзнат зеленчук, мало парче ‘ржан леб
Ужина: портокал или 30 грама сирење
Вечера: варено говедско месо (150 грама), салата од зеленчук (100 грама) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав
Пред спиење: чаша јогурт со малку маснотии или кефир

Но, како и сите ние, понекогаш Синди не може да се спречи да јаде хамбургер. Откако ќе „згреши“, манекенката почнува да тренира напорно и да држи диета две недели. Во овој период таа се ослободува од вишокот килограми (за една недела можете да изгубите и до 5 кг).
Главното јадење на оваа диета е нискокалорична супа направена од бела зелка. Можете и треба да го јадете ова јадење 5 пати на ден.
Супата се подготвува на вода со додавање на моркови, домати, пиперки, целер, боранија, зелен кромид и магдонос. Магдоносот го нормализира варењето и е добар диуретик. Супата не смее да содржи компири и друг зеленчук кој е богат со јаглехидрати.

Покрај супа, можете да додадете и свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш неделно, не повеќе од 250 ml), јогурт (еднаш неделно не повеќе од 150 ml), кафеав ориз. Можете исто така да јадете месо (пилешко или мисиркино не повеќе од 150 грама) или риба (200 g), на пареа.
Пијте чиста вода без ограничувања. Дозволено е и зелен чај и свежо подготвено црно кафе без шеќер и млеко (максимум две шолји дневно).
За време на диетата, забранета е конзервирана храна, леб и производи од брашно, чоколадо, слатки, газирани и алкохолни пијалоци.

Понеделник: супа, свеж зеленчук (неограничено) и диетален јогурт.
Вторник: супа, свежо овошје (неограничено) и јогурт без маснотии.
Среда: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничување).
Четврток: супа и варено пилешко.
Петок: супа, варено говедско или телешко месо.
Сабота: супа, свеж зеленчук (неограничено) и јогурт со малку маснотии.
Недела: супа, свеж зеленчук и овошје (неограничено).

