Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Менито на Меланија Трамп благодарение на кое секогаш има совршена фигура…

Како се храни Меланија Трамп е прашање кое често се слуша кога ја гледаме во мини здолништа и тесни кошули,кои и ја отцртуваат убавата фигура.

Меланија Трамп (52), поранешната прва дама на Америка и сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, повторно и повторно не воодушевува со својот изглед.

Бидејќи парот повеќе не живее во Белата куќа, не ги гледаме толку често, но Меланија остава силен впечаток секој пат, а тоа беше случај неодамна, кога таа и нејзиниот сопруг беа видени на Флорида кога одеа да гласаат, како и на свадбата на ќерката на Трамп,Тифани.
Поранешната манекенка очигледно се грижи за својот изглед, но и за своето здравје – за да остане витка, не следи строга диета, туку јаде за никогаш да не биде гладна, а сепак во своето тело го внесува само највисокиот квалитет.Како што пишуваа своевремено американските медиуми, нејзиниот најважен трик во исхраната е поголемото внесување овошје – толку многу што Меланија мора да јаде по седум видови овошје секој ден!

Благодарение на ова обезбедува доволно антиоксиданси, витамини и минерали, неопходни за здрава кожа, коса, младешки изглед и што е најважно општо здравје, а има и растителни влакна, за кои е познато дека го ублажуваат чувството на глад и се одличен решение доколку сакате да го намалите апетитот.

Како што еднаш истакна Меланија, таа нема омилени слатки и грицки, но ако сака да јаде нешто од време на време – нема да си го одрече тоа. Сепак,таа претпочита да се сврти кон здрава алтернатива во форма на овошје.

  • Не постои специфична закуска на која секогаш се враќам – истакнала Меланија во едно интервју пред неколку години. – Ако грицкам, обично земам овошје или чоколадо бидејќи мислам дека тоа е неопходно за организмот.

Секако, овошјето не е единственото нешто со кое Меланија се засладува кога сака.

  • Добро е понекогаш да си ја задоволиш желбата за храна – рече таа и додаде дека понекогаш едноставно не може да одолее на сладолед. – Но тоа се додека правите баланс со здравата храна!

Појадокот на Меланија Трамп

Како што рекла еднаш, за појадок Меланија обично консумира смути од моркови, целер, боровинки, јаболка и цеден лимон или портокал, на кои додава маслиново масло и мелени семки од лен.

Сепак, нејзиниот единствен појадок не е смути, туку покрај тоа грицка ананас, банани, боровинки и малини, а ако е навистина гладна, сето тоа го става во овесната каша.

Овесната каша е омилена бидејќи дава многу енергија и хранливи материи, а една порција овесна каша има помалку калории од неколку парчиња леб. Нивната предност е што имаат повеќе влакна од печивата од бело брашно, што е особено корисно за желудникот и го продолжува чувството на ситост.

Ручекот на Меланија Трамп

Обично има парче месо или риба, со домат, краставица, ротквици, авокадо… Се е шарено и богато со хранливи материи!

Вечера на Меланија Трамп

Месото и е на трпезата дури и за последниот оброк во денот, а најчесто е придружено со целер, компири и тиквички, а во една прилика откри дека и за вечера сака органска пица.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement