Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Мед и лук: Антибактериска бомба која прави чуда за вашиот организам

Сигурно ви е познато дека медот и лукот се многу здрави, но ќе се изненадите што сѐ може да направи нивната комбинација. Овие познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лечат многу заболувања, па затоа со причина се нарекувани и како природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што имаат голема моќ да го зајакнат вашиот имунитет.

За овој рецепт потребно е да исечете 2 до 3 чешниња лук и да ги ставите во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои сѐ додека состојките не се соединат. Доволно е да консумирате една лажичка од овој лек секој ден, 7 дена по ред, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа комбинација.

1. Го зајакнува имунитетот

Комбинацијата на мед и лук го зајакнува вашиот имунитет и ви помага да се борите против одредени болести, како и да ги спречите заразувањата.

2. Го штити срцето

Оваа комбинација ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар.

3. Го лекува воспалението на грлото

Медот и лукот имаат благотворно дејство на воспаленијата, па затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото.

4. Помага при дијареја

Со помош на оваа комбинација можете да го зајакнете дигестивниот систем и да ги отстраните инфекциите. На овој начин ќе ги решите и проблемите со дијарејата.

5. Помага при сува кашлица

Медот и лукот се одлични за сува кашлица. Оваа комбинација ја разредува секрецијата и го елиминира воспалението. Истото важи и за синусите.

6. Помага при габична инфекција

Габите можат да нападнат различни делови од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска бомба, што се покажа ефикасна и во овој случај. Најдобро е да се користи ова превентивно, со цел да се спречи можноста од каква било инфекција.

7. Врши детоксикација

Комбинацијата на мед и кромид е природна детоксикација за вашето тело. Користејќи го овој лек, му давате втора шанса на организмот, бидејќи медот и кромидот го ослободуваат организмот од сите токсини што претходно сте ги проголтале. Исто така, овој природен лек е добар за стабилизирање на холестеролот во крвта, и помага во борбата против вишокот тежина.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement