МЕГАН Фокс е позната како една од најжешките актерки во Холивуд, а во петокот на Инстаграм покажа зошто. Таа објави фотографија на која позира во зелен топ и панталони во иста боја и ги покажа своите стомачни мускули.
„Не вежбам. Ако Бог сакаше да се наведнам, ќе стави дијаманти на подот“, ја цитира таа американската комичарка Џоан Риверс.
Сепак, не е точно дека не вежба. 36-годишната мајка на три деца напорно тренира два пати неделно. Таа прави кружен тренинг кој вклучува кардио вежби и кревање тегови. Покрај тоа, таа оди на третмани кои користат електромагнетна технологија за зајакнување на јадрото.
