Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Луѓето кои работат ноќе имаат 29 проценти поголема веројатност да предизвикаат сообраќајна несреќа

Истражувањето е спроведено на приближно 2.000 настани во шест сојузни држави во САД.

Многу луѓе работат во смени.
А, некои често работат во ноќни смени, односно во трета смена.
Сето ова, се разбира, влијае на концетрацијата и може да предизвика фатални последици.

Учесници во сообраќајни несреќи се оние луѓе кои често работат во ноќни смени, или чие работно време е флексибилно, откриле научниците од Универзитетот во Мисури.
Всушност, тие имаат три пати поголема веројатност да ја предизвикаат, бидејќи овие луѓе имаат многу поголеми шанси да развијат хронично нарушување на спиењето.
Кај луѓето чија работа бара да бидат будни ноќе, апнејата и несоницата го зголемија ризикот од сообраќајни несреќи за 29 проценти.

Со оглед на ова откритие, научниците ќе работат на утврдување контрамерки за да се спречат ваквите опасни по живот ситуации.

Планот е да се работи со службеници од јавното здравство за да се открие точно кои услови предизвикуваат несреќи.

„Се размислува за зголемување на местата за одмор на автопатот и охрабрување на оние кои работат ноќе да користат друг вид превоз – јавен превоз, такси или да споделат автомобил со колега, за да возат наизменично“, изјави Правен Едара, еден од авторите на ова истражување.

„Нашето истражување оди чекор понатаму со користење на вистински податоци за несреќата и едвај избегнатата несреќа со приближно 2.000 настани во шест сојузни држави. „Веќе некое време знаеме дека нарушувањата на спиењето го зголемуваат ризикот од судири, но сега сме во состојба да го квантифицираме тој ризик, користејќи податоци за вистински несреќи“, додаде тој.

Прочитај

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Advertisement