Пипер, сол и лимон – одлична комбинација за во салата, нели?
И дали знаевте дека ова соединение е и лековито?
Еве за што е добра оваа комбинација.
Воспалено грло
Ослободете се од болката во грлото мешајќи една лажица сок од лимон, половина лажица црн пипер и лажичка морска сол во чаша топла вода. Со оваа течност се прави гаргара, неколку пати на ден и кажете му збогум на воспаленото грло!
Забоболка
Измешајте половина лажичка мелен пипер (бибер) и половина лажичка масло од каранфилче и ставете го на болниот заб.
Гадење
Вознемирениот стомак се третира со црн пипер, а гадењето со лимон. Затоа измешајте лажица сок од лимон и бибер во топла вода. Пијте полека додека не почувствувате како минува гадењето.
Едно од најздравите овошја на светот е лимонот, а поради неговите придобивки за здравјето и изгледот, се користи во многу рецепти. Лимонот е одличен за детоксикација на организмот, поради што многу луѓе сакаат да пијат лимонада.
Проблем со вишок тежина
Направете мешавина од една четвртина лажица црн пипер, две лажици сок од лимон и една лажица мед. Измешајте сè во чаша топла вода и пијте секое утро за да го забрзате метаболизмот.