Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Летно јадење број 1: Најлесен рецепт за најсочни ќофтиња од тиквички

Ќофтиња или пржени топчиња од тиквички се идеален начин да го претворите овој зеленчук во вкусно јадење што ќе им се допадне на оние кои упорно тврдат дека мразат тиквички…

Ќофтиња од тиквички се вкусно вегетаријанско предјадење крцкаво однадвор и кремасто одвнатре, а рецептот за нивна подготовка е брз и лесен. Идеални се во секое време од денот, ги сакаат и возрасните и децата кои сигурно после првата стрвно ќе бараат повеќе.

Одлични се и топли и ладни, за дома или да се понесат на работа. Ако сте од оние на кои ќофтињата без месо се тотално бесмислени, слободно додадете им малку исечкана шунка, сланина, колбас или мелено мисиркино месо.

Состојки за ќофтиња:

400 гр тиквички
4 лажици рендан пармезан
1 чешне лук
100 гр леб (само средишниот дел)
50 мл млеко
1 јајце
2 лажици маслиново масло
нотка-две сол
малку пиперка

Дополнително:

4-5 лажици трошки од леб
масло за пржење

Подготовка:

1. Измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги на помали коцки. Загрејте ја тавата, додадете маслиново масло и лесно испржете го мелениот лук во маслото. Додадете тиквички и гответе околу 10 минути. Изгаснете го огнот и оставете да се изладат.

2. Натопете ја средината од лебот во млеко и исцедете ја.

3. Измешајте го јајцето со рендано сирење, додадете ја средината на лебот, маслиновото масло, сол, бибер и тиквички и добро измешајте. Ако смесата е премногу мека и леплива, додадете неколку лажици трошки од леб.

4. Обликувајте ќофтиња, превртете ги во трошки од леб и ставете ги во фрижидер половина час да се оладат малку и да се зацврстат.

5. Извадете ги ќофтињата од фрижидерот и пржете ги во длабока тава на добро загреано масло.

6. Послужете како топло предјадење со вашиот омилен сос и сезонска салата.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement