Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Лесно, брзо и супер освежувачко: Пробајте тирамису од круша

Овој рецепт за тирамису е многу едноставен, и мора да го пробате, ако веќе не сте го направиле тоа!

Комбинацијата на круши, ванила и бисквити нема да остави никого рамнодушен.

И ќе добиете ново омилено слатко уживање.

Состојки:

250мл марсала вино

100гр + 3 лажици кристален шеќер

1 чаша вода

1 лажичка семе од мало стапче ванила

4 круши, излупени, исчистени и исечени на осмина

500g сирење маскарпоне

1½-2 чаши грчки јогурт

30 (300гр) бисквити

1½ шолја силно кафе еспресо

какао во прав, рендано црно чоколадо и сецкани печени лешници (по избор), за сервирање.

Подготовка:

Во средна големина на шерпа, измешајте ја марсалата, шеќерот, водата и ванилата и варете мешајќи додека не се раствори шеќерот.

Додадете ги крушите, покријте ги со тркалезна хартија за печење, намалете ја топлината на вриење и варете 5 до 8 минути, додека крушите не омекнат. Извадете ги крушите од течноста и оставете ги настрана да се оладат. Кога ќе се оладат, крушите преполовете ги.

Во меѓувреме, користејќи електричен миксер, матете го маскарпонето со мала брзина додека не се изедначи и постепено додавајте 3 лажици шеќер. Лесно промешајте го јогуртот и ставете го во фрижидер до употреба. Потопете половина од бисквитите во кафето, едно по едно неколку секунди, и наредете ги во еден слој, отстранувајќи го вишокот да се смести во садот (употребете сад од 20х20 см, длабок 6 см).

Наредете ги бисквитите со половина круши и прелијте со малку течност за готвење.

Со шпатула раширете го маскарпонето преку крушите. Повторете со преостанатите бисквити потопени во кафе, круши и преостанатиот маскарпоне. Покријте и ставете го во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ.

Декорирајте со какао, рендано чоколадо и лешници, по желба.

Прочитај

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Advertisement