Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ЛЕНЕНА КАША СО ЈАЈЦА, ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ И АВОКАДО: Појадок кој ве одржува сити и го топи вишокот килограми

Доколку барате хранлив појадок кој во исто време е погоден за губење на вишокот килограми, оваа комбинација е вистинскиот избор.

На почетокот на новиот ден, на телото му треба голема количина на енергија. Затоа е важно да јадете хранлив појадок кој ќе ја одржува ситоста, а нема да го оптоварува желудникот.

Душанка Лачмановиќ, специјалист нутриционист-диететичар и санитарен инженер, препорачува комбинација од ленено семе со јогурт, варено јајце, јаткасти плодови и неколку кришки авокадо.

– Лененото семе е полно со влакна, јогуртот содржи калциум и добри бактерии, авокадото е полно со здрави масти исто како и јаткастите плодови, а вареното јајце е полно со протеини – вели Лачмановиќ.

– Оваа комбинација на храна полека се разградува, не предизвикува нагло скок на инсулинот, го поттикнува исфрлањето на вишокот течности од телото и ве одржува сити. Ваков појадок можат да го консумираат оние кои сакаат да се хранат здраво, како и оние кои се на рестриктивна диета бидејќи сакаат да ослабат.

Состојки:

– пет супени лажици ленено семе
– 180 мл јогурт
– 1 барено јајце
– една четвртина мало авокадо
– 50 г ореви

Доколку сакате подобро да ги искористите ленените семки, можете да ги сомелете во мелница за кафе непосредно пред да подготвите појадок, па дури потоа прелијте ги со јогурт и оставете ги да отстојат дваесетина минути.

– Овој појадок е идеален за оние кои се навикнати наутро да јадат нешто солено – вели Лачмановиќ.

– Предностите на кашата од ленено семе со јајце, авокадо и ореви во однос на пекарските производи или другите видови солени појадок се повеќекратни: без скриени шеќери или сол, без празни калории, без адитиви, без вештачки бои. Сè што добивате преку ваков појадок е чиста енергија која ќе го одржува вашето тело сито со часови.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement