Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кристи Бринкли на прагот на осмата деценија ја открива тајната на нејзиниот младешки изглед: Со години била на оваа диета…

Познатата манекенка многу се грижи за својот физички изглед.

Една од најпознатите модели на 20 век, ѕвездата на спотот за песната „Uptown Girl“ на Били Џоел, Кристи Бринкли во февруари оваа година наполни 68 години.

Порано Кристи беше многу популарна, а нејзиното витко тело и убаво лице ги красеа насловните страници на многу светски магазини. И сега, на прагот на осмата деценија, Кристи може да се пофали со изглед на кој би позавиделе многу жени.

Со оглед на тоа што на 68 години изгледа барем 10 години помладо, жените ширум светот бараат од оваа позната манекенка да ја открие тајната на нејзината младост.

Кристи реши да им одговори, а неодамна на социјалната мрежа „Инстаграм“ откри неколку свои тајни.

  • Она што го правите секој ден ќе одреди колку ќе бидете здрави и живи – рече таа и додаде:
  • Се зависи од тебе, во твои раце е! Ова се нештата што ги правам секој ден за да се чувствувам посилна и да ги поминам моите напорни денови.

Својата виталност ја должи и на вегетаријанската исхрана, хранејќи се на тој начин уште од својата 13-та година. Таа со години ја следеше „диетата со виножито“, односно диета која препорачува храна во спектарот на боите на виножитото: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова.

  • Јас и целото мое семејство јадевме храна со боја на виножито секој ден. За ручек јадам зеленчук и правам салата, па додавам протеини како грашок или јаткасти плодови. „Вечерата е скоро иста, освен што можеби ќе го ставам мојот зеленчук врз грав, ориз, житарки или киноа“, рече Кристи.

Кристи откри дека секој ден става заштитен фактор, односно крема која штити од штетните фактори на сонцето и дека воопшто не сака да користи ботокс.

  • Направив ботокс само еднаш, но не ми се допадна. Сакам кога моето лице се движи. Се плашам и од ласери и филери – заклучува Кристи Бринкли и додава дека се колне во SBLA’s,козметичка линија на која токму таа е сопственичка, пренесува “Daily mail”.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement