Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кремаста торта направена од темни палачинки

Oд палачинки можете да направите сѐ , а оваа торта со чоколадо и крем, е вистински вкус за пладневно уживање.

Потребно:

  • 4 јајца
  • 300 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 8 лажици масло
  • 2 лажици шеќер
  • 6 лажици какао
  • брашно по потреба
  • 1 прашок за пециво

За фил:

  • 250 мл слатка павлака
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 50 гр путер
  • 2 лажици млеко

Подготовка:

Во соодветен сад, скршете ги јајцата, додадете кисела вода, млеко, какао, масло, шеќер, брашно, прашок за пециво и сѐ добро изматете со миксер. Густината треба да биде малку подебела отколку кога ги правите вообичаените палачинки. Оставете ја смесата да отстои половина час.

На тивок оган, печете малку подебели палачинки и наредете ги една врз друга. Оставете ги да се изладат целосно.

Наполнете ги палачинките со изматена слатка павлака, сите освен последната. Можете да ги редите палачинките, потоа да ги премачкате со филот и така во круг или можете да ги наполните и да ги редите една до друга.

Растопете го чоколадото со путер и млеко, прелијте ја тортата и украсете.

По желба, тортата можете да ја декорирате со малку шлаг, овошје …

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement