Убавата Ријана, која е успешна во сè што ќе се обиде, е одлична готвачка и огромен гурман. Во едно интервју, таа откри дека поминува часови во кујна и ужива да подготвува јадења, а и дека омилени и се оние без рецепт, што ги прави спонтано. Токму на овој начин е направено нејзиното омилено јадење – тестенини со сирење и паприка.
Пејачката откри дека сака да подготвува јадења за своите најблиски и дека некогаш, сосема случајно, направила јадење, кое сега им е омилено на нејзините гости. Тестенините со сирење и паприка беа создадени како случаен кулинарски експеримент, изјави Ријана за „Esquire“.
Потоа го откри и рецептот за нејзиното омилено јадење.
Состојки за подготовка:
450 гр тестенини
Сол
Главица лук, ситно сецкан
Црвена пиперка
3 стебленца млад кромид, ситно сецкан
1/4 чаша кечап
Лажица сенф
Лажица црвен пипер (паприка)
600гр сирење
Чаша вода

Подготовка:
Сварете ги тестенините и исцедете ги. Истурете половина чаша вода во тенџерето, вратете ја пастата и ставете ја во фрижидер. Динстајте лук, црвен пипер и млад кромид на тивок оган. По некое време, додадете кечап, сенф и паприката и замешајте сè добро. Додадете малку вода, сирење и продолжете да готвите. Кога сирењето ќе се топи во сосот, додадете паста и измешајте сè.
Кога ќе го истурите садот во чинија, посипете го со свеж кромид и уживајте во кремастиот, полн вкус.
