Иако кокосовото масло е несомнено многу корисно за здравјето во некои случаи, постојат и заблуди за него.Кокосовото масло е многу популарно за готвење во последниве години, и тоа не е случајно – а медицинските професионалци се согласуваат дека тоа е одличен избор поради многу, многу причини.
Може да го промовира согорувањето на мастите
Кокосовото масло е богат извор на триглицериди со среден ланец, вид на заситени масти кои научниците ги истражуваат за потенцијалните здравствени придобивки.
На пример, една студија објавена во 2015 година во The Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics покажа дека консумирањето триглицериди со среден ланец може да го зголеми бројот на калории што телото ги согорува.
Може да обезбеди енергија
Овие триглицериди, исто така, обезбедуваат брзо снабдување со енергија, бидејќи тие одат директно во црниот дроб и стануваат гориво на ист начин како јаглехидратите, според студијата на експерти од Универзитетот во Гана објавена во 2016 година во Медицинскиот весник “Ghana Medical Journal“.

Може да има антимикробно дејство
Како што покажа истражувањето на експерти од Мичиген објавено во 2020 година во Journal of Cardiovascular Development and Disease, кокосовото масло има антимикробни и антигабични својства поради неговата содржина на триглицериди со среден ланец, особено лауринска киселина.
Станува збор за масна киселина која сочинува околу половина од споменатиот тип на триглицериди во ова масло.
Истата студија наведува дека кокосовото масло може да има антимикробно дејство против микроорганизмите кои предизвикуваат болести како што се:
-Staphylococcus aureus
-Streptococcus mutans
-Streptococcus pyogenes
–Escherichia coli
–Helicobacter pylori
Може да го намали гладот
Друга карактеристика на триглицеридите со среден ланец е тоа што тие можат да помогнат во намалувањето на внесот на храна, според медицинската платформа Healthline, што можеби е поврзано со начинот на кој телото ги разградува.
Имено, дел од тие триглицериди се разградуваат во процесот кој произведува кетони, а тие го намалуваат апетитот, покажа студијата на експерти од Оксфорд објавена во 2017 година во магазинот Obesity.
Кои се другите придобивки од кокосовото масло?
Во напис од медицинскиот портал Healthline се наведува и дека кокосовото масло може да го подобри здравјето на кожата, да ја заштити косата од оштетување, да го подобри оралното здравје, да ги ублажи симптомите на Алцхајмерова болест и е одличен извор на антиоксиданси…

Како кокосовото масло влијае на здравјето на срцето?
Овој тип на масло се повеќе се смета за корисен за кардиоваскуларното здравје, особено за срцето, бидејќи некои докази сугерираат дека може да помогне во намалувањето на нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол и зголемување на нивото на ХДЛ (добриот) холестерол.
Сепак, доказите за ефектите на кокосовото масло врз нивото на холестерол во крвта се контрадикторни, бидејќи некои студии исто така покажуваат дека тоа може да го зголеми нивото на лошиот холестерол, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Според Healthline, можно објаснување за тоа се различните методи кои се користат во студиите, бидејќи некои ги споредувале ефектите на кокосовото масло со други растителни извори на заситени масти, а кај други со заситените животински масти.
Во секој случај, доколку планирате да го зголемите внесот на кокосово масло, задолжително разговарајте за тоа со вашиот лекар, кој има познавања за вашата општа здравствена состојба.
