Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Која е тајната на совршениот изглед на Хали Бери? Актерката блеска во шестата деценија…

Оскаровката Хали Бери отсекогаш важела за една од најатрактивните жени. Покрај нејзините извонредни актерски способности, таа е и посветена мајка која се грижи за своето здравје и постојано вложува во својот ум, тело и душа.

  • Кога првпат почнав да глумам, стареењето беше најстрашното нешто за една жена. Вашата кариера завршува на 35 или 40 години; можеш да глумиш баба кога ќе остариш. На педесет и пет години снимив филм за МММ борец кој е напишан за дваесет и петгодишна жена – изјавила Хали.

А кои се навиките во рутината на оваа дива со помош на кои таа останува во совршена форма? Ајде да дознаеме.

Моќна комбинација на спортови
Хали Бери тренира шест пати неделно со нејзиниот долгогодишен тренер Питер Томас. Нејзиниот тренинг се заснова на плиометрика која е мешавина од кардио и вежби за сила.

Еднаш неделно, таа во својата рутина додава боречки вештини пилатес и јога.

Таа го слуша своето тело кога е во прашање исхраната
Откако ѝ бил дијагностициран дијабетес кога имала само 19 години, Хали се придржува до диета со малку јаглехидрати за да му помогне на своето тело да управува со флуктуирачките нивоа на шеќер во крвта.

Кога ќе се разбуди, Хали го „полни“ своето тело со кафе и протеинско смути засилено со колаген. За ручек јаде јагнешки котлети или ребра во комбинација со бриселско зелје, боранија, спанаќ, цвекло или домашен ориз од карфиол. За вечера се одлучува за салата со многу протеини.

Медитација
Медитацијата, смета Хели, станала клучна за одржување на нејзиниот дух жив и таа ја практикува во својата градина.

Хали неодамна додаде акупунктура откако откри дека и помогнала да се чувствува приземјена и фокусирана. Акупунктурата, исто така, помогна да се регулираат нејзините хормони, за кои таа верува дека се резултат на перименопауза.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement