Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кога тренирате,навистина е важно што ќе јадете пред и после тренинг!Ова е најдобрата исхрана после тренинг…

Ако постојано тренирате, има големи шанси да размислите многу за оброкот пред тренинг. Но, дали посветувате исто внимание на вашиот оброк после тренинг?

По тренингот, особено ако бил со поголем интензитет, многу луѓе гладуваат и подготвуваат секаква храна за да го потиснат гладот. Сепак, треба да се грижиме за намирниците кои ќе ги внесеме во организмот после тренингот, бидејќи тогаш целиот труд воопшто не вреди, особено ако сакаме да ги изгубиме вишокот килограми.

По тренингот најдобро би било да почекате еден до два часа пред да почнете да јадете нешто, за да може телото да потроши малку повеќе од резервите на маснотии. За тоа време секако дека можете да пиете вода во големи количини бидејќи таа е најздрава, а и малку ќе го надминете гладот.

Кога ќе го завршите напорното вежбање, на вашето тело му требаат протеини за да ги поправи мускулните влакна кои биле скинати за време на тренингот. Затоа диететски протеински производ е најидеалниот оброк.

Што да се јаде после тренинг?
Можете да подготвите омлет од белка од јајце, да готвите бело месо или лигњи, посно сирење или да готвите (може и на скара) филети од секаков вид бела риба. Исто така, многу е важно со оброкот да имате салата – од домати, краставици, зелка, пиперки, ротквици, со кромид и зелена салата.

Ако сè уште не можете да издржите да не јадете после тренинг:

  1. Пијте колку што е можно повеќе течност, особено вода, но можете да пиете и шолја зелен чај или какао без шеќер;
  2. Можете да пиете до половина литар кефир со малку маснотии;
  3. Јадете јаболко.

Ако вежбате доцна навечер:
И после одите веднаш на спиење, после туширањето јадете само протеини во мали количини, пр. 100 – 150 грама сирење со малку маснотии или изедете едно јајце.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement