Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кендал Џенер ја откри тајната на негуваното лице: Природна маска за беспрекорна кожа

Манекенката и реалити ѕвезда Кендал Џенер е позната по тоа што отворено зборува за нејзината борба против акните и проблематичното лице.

Таа признава дека многу често ја менува рутината за убавина, во согласност со потребите на нејзината кожа, а манекенката не крие дека тоа и се случува и дека три-четири пати годишно целосно ги менува сите производи што ги користи.

Со оглед на тоа дека без двоумење зборува за својата проблематична кожа, Кендал реши маската за лице што ја прави дома да ја сподели со остатокот од светот.

Третманот за кој Кендал верува дека и ја променил кожата и и донел многу придобивки е едноставна маска од авокадо, која можете сами да ја подготвите во вашата кујна.

Маската се прави едноставно, и совршено ја хидрира кожата и ја прави сјајна и здрава – објасни Кендал, која навистина може да се пофали со исклучително убав тен и негувана кожа.

Сè што ви треба за оваа маска се следните состојки:

1/2 Авокадо

2 Лажици овесни снегулки

1 Лажица мед

3 Капки уље од лаванда

Авокадото треба да го испасирате со вилушка, а потоа да ги додадете останатите состојки и да измешате се.

  • Ја нанесувам маската на лицето и ја оставам да делува 20 минути, а потоа ја мијам со млака вода – заклучи Кендал.

Авокадото содржи голема количина на витамини А, Ц, К, Е и Б, кои ја штитат кожата од сончевите зраци и ги поправаат нејзините последици. Масните киселини од авокадо ја негуваат кожата и ја прават мазна.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement