Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Како Софија Вергара изгледа двојно помладо во шестата деценија? Ова е тајната со чија помош таа го запре времето

Можете ли да верувате дека Софија Вергара е во шестата деценија?Колумбиската убавица Софија Вергара,која е моментално е во центарот на вниманието во Холивуд поради разводот, влезе во шестата деценија.

Реално, заносната актерка изгледа, без претерување, барем двојно помладо. Покрај сето тоа, таа е на врвот на сите листи за најубави жени на светот.

Но, која е нејзината тајна за нејзиниот младешки изглед?

За да биде појасно, неопходен е некаков облик на обука, но има и неколку други важни работи.

Освен вежбањето, што се подразбира, Софија има и диететски насоки благодарение на кои успева да ја одржи виткоста, а нејзината тајна не е ригорозната диета.

Згора на тоа, актерката успеала да постигне рамнотежа, па јаде и храна која вообичаено не треба, а во се и помагаат три клучни трикови.

За почеток, таа е умерена во сè. Со други зборови – без претерување!

  • Сè во умерени количини. Без премногу храна, без премногу вежбање, ништо не треба да биде премногу. Сè во умерени количини – рече еднаш Софија.

Покрај сето тоа, таа става посебен акцент на калориите. Таа не консумира многу јаглехидрати и дава се од себе за да се погрижи она што го внесува во нејзиното тело да биде корисно и да има хранливи материи.

А во една прилика откри што се крие во нејзиниот прв дневен оброк. Таму се менуваат и се комбинираат јогуртот, муслите, чиа семето, овесната каша и боровинките.

Рибата и салатата често се на менито за ручек, додека суши, кафеав ориз, зеленчук на пареа и месо со малку или без маснотии често се на трпезата за вечера.

А со сето тоа си дозволува и слатки. Сепак, запомнете го првото правило – умереност.

  • За мене најголемото искушение, она без кое не можам да живеам е дефинитивно торта. Секогаш морам да имам торта во куќата – признала убавата актерка.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement